Party: УПИСИ ВО БИТРИКС КРУ - ЧАСОВИ ПО ХИП-ХОП, РЕГЕ, BREAKDANCE, АЕРОБИК, ЗУМБА
Main page > Beatrix Crew > УПИСИ ВО БИТРИКС КРУ - ЧАСОВИ ПО ХИП-ХОП, РЕГЕ, BREAKDANCE, АЕРОБИК, ЗУМБА
You will be the first one to know when pictures are uploaded!
What's UP Трикстери?
И оваа година ве покануваме на заедничко дружење, забава и секако успешна година. Сезоната само што не започнала! Но, знаете ли што? Битрикс оваа година отвара свој сопствен танцов центар, во кој ќе ве пречекаат нашите талентирани и секогаш позитивни инструктори. Секако, да не се заборават и останатите членови на Битрикс, кои ќе се погрижат тука да се чувствувате како дома!
За оние кои што не знаат, ви праќаме топли прегратки, а за оние кои прв пат слушаат за Битрикс, еве малку информации:
Нашето студио е полно љубов! Да, токму така! Љубов, насмевки, среќа, позитивна енергија. Но, не е само тоа. Нашите членови се едни успешни човечиња, кои во текот на годината работат макотрпно, а следниве проекти се резултат на нивното ГИНЕЊЕ на подиумот:
1. За прв пат од Македонија ВИЦЕШАМПИОНИ на Светскиот натпревар во модерни танци „ESDU World Dance Masters“, со што ги срушивме сите рекорди на танцот.
2. Единствената хип-хоп претстава во Македонија „Издигнување“ која и на двете изведби забележа над 300 посетители и доби одлични критики од имиња кои се реномирани од областа на танцот
3. Успешниот проект „Битрикс танцова лига“ кој понуди обуки на сите танчери од Македонија и од останатите држави, бесплатно од страна на нашите кореографи, а згора на тоа додели и многу вредни награди: настап на Танц Фест 2015 за најдобрите 20 учесници и уште поважно,за најдобриот спонзорство за учество на најголемиот хип-хоп камп во Европа - Urban Dance Camp!
Лани наградата ја доби Саве Исирова, кој ли ќе биде оваа година?
4. Дечињата од Битрикс, за само шест месеци обука во Битрикс, го освоија првото место во Б-лига на Светското првенство во модерни танци „ESDU World Dance Masters“, што е уште еден рекорд во танцот кај нас.
5. Јуниорите исто така ги скршија рекордите освојувајќи го петтото место во А-Лига на истиот натпревар!
6. Другата возрасна екипа пак, го освои 1то место во Б-лига на ова првенство!
Ееее, вака можеме до утре, зошто има уште мал милион освоени првенства од кои некои се државни, некои регионални, некои меѓународни, европски и светски, но, да не должиме премногу, главното е дека НИЕ ЖИВЕЕМЕ ЗА ТАНЦОТ, и ве повикуваме да ни се придружите!
Оваа година, за вас создадовме одлична програма, која покрај хип-хоп, во соработка со Рисима Рисимкин (Рисимкин Истражувачки Центар) и Александар Дренковски, ви нуди часови и по современ танц, како и разни фитнес програми.
Ајде да ѕирнеме што имаме, и да, тука ги има и цените:
INSANITY/P90x 3 пати неделно– 1100 денари
INSANITY / P90x 4 пати неделно – 1300 денари
INSANITY/P90x секој ден по желба – 1500 денари
АЕРОБИК 3 пати неделно – 1100 денари
АЕРОБИК 4 пати неделно – 1300 денари
АЕРОБИК + ЗУМБА (секој ден од 18:00h) – 1400 денари
ЗУМБА 2 пати неделно – 800 денари
РЕГЕ 2 пати неделно – 1000 денари
БРЕЈК – 1200 денари
МИНИ – 900 денари
МИНИ + МАЈКИ АЕРОБИК/Зумба – 1500 денари
ДЕЦА ПОЧЕТНА 3 часа неделно– 1300 денари
ДЕЦА НАПРЕДНА 3 часа неделно – 1300 денари
ЈУНИОРИ ПОЧЕТНА 3 часа неделно – 1300 денари
ЈУНИОРИ НАПРЕДНА 3 часа неделно – 1300 денари
ВОЗРАСНИ ПОЧЕТНА 3 часа неделно – 1300 денари
ВОЗРАСНИ СРЕДНО НИВО 3 часа неделно – 1300 денари
ВОЗРАСНИ НАПРЕДНА 3 часа неделно – 1300 денари
ХИП-ХОП + РЕГЕ - 1500 денари
ЅИРНЕТЕ ВО ФОТКИТЕ ПОДОЛУ, ИМА И РАСПОРЕД :)
Е сега, имаме една молба до вас, бидејќи студиото е во изградба, никако не можеме да го знаеме точниот датум на отварање, па се надеваме дека нема да се налутите што дополнително ќе ве известиме, ииии ајде заедно да стиснеме палци за мајсторите што побрзо да го средат цело студио цакум - пакум! Сепак, планираниот период е од 07.10.2015 - 10.10.2015, а сите вие што сакате 100% да сте известени оставете го вашето бројче во messages на нашата фан страна: https://www.facebook.com/B3x.crew/
Во меѓувреме доколку ви требаат дополнителни информации обратете се на:
Ivana Balabanova 071 36 63 63 (за хип-хоп, реге, брејк и фитнес програми) и на
Matea Kiselicka 075 496 649 (за современ танц)
Наскоро, Битрикс ќе добие и своја нова веб-страна, а нашиот добар пријател – махер по се ЕМИР АЛ-КАФАЏИ поставил и едно одбројување на www.beatrix.mk !
Освен тоа, Битрикс ќе се поднови и со мнооогу други нешта, но нема да е интересно ако ви откриеме се, нели?
Се слушаме Трикстери, а дотогаш:
BE yourself
BE amazing
BE more
BE a Trixter!